Blog

Езеро Градче

Езерото Градче е изградено во 1959 година на темелите на некогашното село Долно Градче, на местото каде Мала и Голема Река се спојуваат и ја создаваат Кочанска Река.Браната на езерото е од армиран бетон, со висина од 29 м. Најголемата длабочина на езерото е 29 м., во јужниот дел, близу браната.Целокупна зафатнина на езерото е од околу 2.250.000 м3, а водата се користи за наводнување и индустриски цели.На самото езерото изграден е хотел и два угостителски објекти. Во последните години активно се инвестира во развој на спортскиот риболов и збогатување на рибниот фонд во езерото.На севрената страна на езерото, се наоѓа и археолошкиот локалитет од доцноантичко време, Долно Градиште.

Continue reading “Езеро Градче”