Непроценлива природа сместена во подножјето на Осоговските планини

Еуро Хотел Градче се наоѓа на 6км северно од градот Кочани. Лоциран е на 550 метри надморска височина на брегот на езерото Градче.Езерото Градче е сместено во живописна клисура со атрактивна околина.

Еуро Хотел Градче располага со 25 соби од кои 4 апартмани, ресторан сала со капацитет до 400 гости, конференциска сала за состаноци, кафе бар, четири летни тераси, билијард, пинг-понг, сопствен паркинг плац.

Еуро Хотел Градче на своите ценети гости им нуди сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинско пешачење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, излет со скара покрај езеро, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.

Напишете коментар